Заев: Ќе инвестираме во вистинско унапредување на туризмот во Дојран

Од:

Денеска сме во Фурка, Стар Дојран, нов Дојран, во посета на семејствата. Она што исто така и на Дојран му е важно, а тоа е да го вратиме животот во Македонија. Секако, едно од нашите прекрасни туристички места со годините наназад го има изгубено овој тренд на развој на туризмот, на среќата кај луѓето.

Самите податоци којшто ги влечеме од статистиката, самите еколошки извештаи коишто ни ги даваат, се загрижувачки за сите нас во Македонија.

Јас потекнувам од овој регион, Дојран е во овие 10 општини во југоисточниот плански регион и навистина претставува една значајна грижа и обврска на сите нас коишто живееме во Македонија, да го вратиме животот овде во Дојран. Дојран е исто така едно од местата од каде што младите се иселуваат, каде што заминуваат. Зошто? Заради тоа што не гледаат иднина овде.

Конечно мораме да градиме политики коишто навистина ќе го вратат туризмот во Дојран. Ќе инвестираме во вистинско уредување на плажите, ќе инвестираме во вистинско унапредување на туризмот овде, со комплетна понуда која што навистина Дојран отсекогаш знаел да ја даде поразлично од сите други.

Дури и ова што е направено со езерото, квалитетот на водата на езерото навистина ги поминува сите граници. Знаат рибарите, каде што членувам јас во рибарските друштва, дека ако некогаш се ваделе 500 тони риба од езерото, веќе прашање е дали се вадат 50 тони риба. Тоа само по себе е индикатор колку алармот е кренат и треба да направиме се што можеме во наша моќ за да може да го вратиме животот овде, во ова прекрасно туристичко место, во нашата Македонија.

Потекнувам од овој крај, знам дека ќе оставам сериозен белег во развојот на Дојран. Она што следува е период пред нас, кадешто на вистински начин ќе ги реалоцираме парите на вистински потреби на граѓаните.

Меѓу тие активности, секако Дојран претставува еден од најважните сегменти на идното инвестиционо активирање на новата влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно