Александар Делов: Се бориме да ја вратиме и задржиме младината

Од:

 Носителот на листата кандидати за пратеници од „Коалиција за промени и правда-трет блок“ во ИЕ5, Александар Делов на прес конференција во Битола ги презентираше програмските цели и обврски кои ќе ги преземе доколку стане пратеник во Собранието на Република Македонија.

Делов изјави дека „Коалиција за промени и правда-трет блок“ посебно се загрижени за како што рече „белата чума“ во Македонија, односно масовното иселување на младите од Битола, Охрид, Струга, Демир Хисар и Кичево.

– Во последните 5 години од Битола се иселени над 30.000 граѓани, од Ресен се иселиле над 1.900 жители, а од Охрид иселени се околу 8.000 жители. Срамно е за една држава нејзините граѓани да вадат пасоши на други држави за да бараат спас надвор од својата родна грутка. Ние се бориме за да ја вратиме и задржиме младината и да им обезбедиме пристојни услови за работа, истакна Делов.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада