За патиштата во Крива Паланка 60 тони сол и 180 метри кубни ризла

Од:

За реализација на Програмата за зимско одржување во Крива Паланка комуналното претпријатие набави 60 тона сол и 180 метри кубни ризла.

Висината на снежната покривка во Крива Паланка денеска изнесува три сантиметри, а на планините десет сантиметри.  Патните правци во централното градско подрачје и локалните патишта се проодни.

– Висината на снежната покривка во централнито гардско подрачје е од два до три сантиметри, додека на повисоките места над 1.200 метри надморска височина висината на снегот е околу десет центиметри. Сите асфалтни патишта во градскиот и приградскиот реон се проодни, а најавите на метеоролозите најавуваат пад на температурите, со што очекуваме и запирање на снежните врнежи, информира Зоран Павловски, раководител на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка.
 
Од Јавното претпријатие „Комуналец“ укажуваат дека поради најавените ниски температури се очекува појава на голомразица. 
 
– Температурите се умерени, позитивни и снегот кој падна во текот на ноќта и утринава се топи, не задржувајќи се подолго на коловозите. Поради ова немавме потреба да интервенираме, но со најавените ниски температури се очекува појава на голомразица поради што ќе мора да се нанесе сол и абразиевн материјал на сообраќајниците-изјави Дејан Митровски, одговорен за зимско одржување во ЈП „Комуналец“.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза