Две лица повредени во сообраќајка кај Куманово

Од:

Две лица се повредени од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на Куманово, соопшти денеска МВР.

Несреќата се случила во 16.30 часот, помеѓу автобус и мерцедес. Двете возила, соопшти МВР се движеле по регионалниот пат во насока на Крива Паланка. Автобусот, марка „Неоплан“ со скопски регистарски ознаки кој бил управуван од 44- годишниот Н.Р од Охрид се движел зад мерцедесот кој пак бил управуван од Г.С (1963), жител на општина Карбинци со штипски регистарски ознаки, по што дошло до судир на возилата.

Сопатникот и возачот од мерцедесот се повредени и со возило на итна медицинска помош се префрлени во кумановската општа болница, каде лекарите констатирале телесни повреди кај возачот, додека кај сопатникот се регистрирани тешки телесни повреди. По пружената помош и двајцата се задржани за понатамошно лекување во кумановската болница.

Екипа на СВР Куманово изврши увид на местото на несреќата по овластување на јавниот обвинител.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он