Без вода за пиење се жителите од Росоман и дел од Кавадарци поради пукната главна водоводна цевка фи 200. Работници на Јавното комунално претпријатие интензивно работат на отстранување на дефектот и се очекува проблемот да биде надминат околу 17 часот.
– Без вода за пиење се росоманчани и дел од кавадарчани, како и индустриската зона на потегот од Кавадарци кон Росоман, информира Марјан Крстевски, техничар во работната единица за водовод и канализација при кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”.