Во Грција регистрирано драстично зголемување на заразени со ХИВ

Од:

Европските здравствени власти побараа од Грција да преземе итна акција за спречување на драстичното зголемување случаи на заразени со ХИВ вирусот кој може да предизвика СИДА, особено меѓу корисниците на дрога кои делат игли.

Шефот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести Марк Спренгер на заедничка прес-конференција со грчки здравствени експерти изјави дека неуспехот да се преземе брза акција може да доведе до ширење на вирусот без контрола, јави дописникот на МИА од Атина.

– Ако програмата не се интензивира, многу е веројатно дека пренесувањето на ХИВ вирусот меѓу корисниците на дрога ќе се забрза, што ќе доведе до голем број на заболени од СИДА за многу кратко време, изјави Спренгер.

Тој препорача да им се дадат повеќе игли на околу 3.000 корисници на дрога во Атина, каде проблемот е особено голем.

Додека Грција има само 7,4 заразени со ХИВ на 100.000 луѓе, во споредба со 10 на 100.000 во Велика Британија или 27,3 во Естонија, бројките се многу зголемени од 2011 година, особено кај високо-ризичните групи, како што се корисниците на дрога.

Од 2007 до 2010 година, имало само 10 до 15 случаи годишно на заразување со ХИВ кај корисниците на дрога. Но, во текот на 2011 година имало 256 вакви случаи – или 27 отсто од вкупниот број. Уште 314 случаи на ХИВ кај корисници на дрога биле пријавени меѓу јануари и август 2012 година, со што вкупниот број случаи на ХИВ до август годинава изнесува 768 заразени.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната