(ВИДЕО) Шилегов: Жителите на Тетовско го поддржуваат Планот за повисоки плати и развој на земјоделството

Од:

Ностителот на листата за пратеници од опозициската коалиција предводена од СДСМ за шестата изборна единица, Петре Шилегов во придружба на повеќе кандидати за пратеници од оваа листа, денеска имаа средби со дел од жителите на тетовските села Фалиште и Сараќино.

Во разговорите, како што посочи Шилегов, било утврдено дека проблемите и тука се исти, како и за целата држава, а како најглавни ги спомена малите плати и масовното иселување на младите.

– Токму заради овие состојби дојдовме да го претставиме нашиот План за живот во Македонија и да позборуваме за минималната плата од 16 илјади денари и просечната плата што ќе изнесува 30 илјади денари за конечно да го вратиме човекот во фокусот на вниманието на државата, а не да се богатат определени индивидуи за сметка на сите граѓани, истакна тој.

Ова, како што додаде Шилегов, е земјоделски и сточарски крај и затоа разговаравме и за субвенциите што државата мора да ги даде, а кои изнесуваат 160 милиони на годишно ниво. – Разговаравме и за помошта што владата на СДСМ ќе ја даде особено за младите луѓе кои ќе се определат да се занимаваат со овие гранки, како што се субвенции од 20 отсто за секој новозасаден хектар или субвенции до 4, 5 денари за секој литар висококвалитетно млеко, рече Шилегов.

Тој се осврна и на активностите на неговиот противкандидат Владимир Ѓорчев од Коалицијата „За подобра Македонија“ и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски.

Во рамките на денешните активности Шилегов и другите кандидати за пратеници од оваа Коалиција поладнево остварија средби со Здружението на борци од Тетово, воените инвалиди, како и со граѓани од ромска националност.

Шилегов вечер ќе одржи средби со жителите на Горно маало и населбата блок 82 во Тетово, со спортисти и со претставници на спортски, планинарски и риболовни друштва.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“