НАТО ќе ги прместува ракетите „Патриот“ по барање на Турција?

Од:

Во следните неколку дена НАТО ќе ја донесе одлуката по барањето на Турција за разместување на ракетите „Патриот“ долж границата со Сирија, соопшти порпаролот на Алијансата Оана Лунџеску.

Одговорајќи на прашање таа прецизира дека ако ова барање се потврди, разместувањето на ракетите ќе одземе неколку недели.

Портпаролката Лунџеску додаде дека ракетите можат да се употребат единствено за одбранбена цел и не треба да имаат придонес во наметнувањето на зона за забранети летови.

Друг високо позициониран извор од НАТО посочи дека засега Русија не се согласува со разместувањето на ракетите и оваа тема ќе се отвори на претстојната седница на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, планирана за следната недела во Брисел,на која ќе се вклучи и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лунџеску додаде дека прашањето веќе било разгледано во телефонскиот разговор меѓу Лавров и генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен. Русија добила уверување дека процесот ќе мине во услови на целосна транспарентност.

Порпаролката дополни дека работата на ракетните батарии долж турско-сириската граница ќе биде под целосна контрола на НАТО преку базата „Рамштајн“, во Германија, и од локалната команда, „со разбирањето дека Турција е дел од пактот“.

Останатите теми на претстојната средба ќе бидат поврзани со обезбедувањето дополнителен поттик во односите на Алијансата со Москва, со транзицијата во Авганистан, односите со Грузија, како и со ситуацијата во Западен Балкан и нивната евроатлантска перспектива, особено во однос на Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски