Заев: Да го повикам првиот бандит, Груевски на дуел! Зошто бегаш?

Од:

„Јас буквално уживам во оваа кампања, уживајте и вие, затоа што веќе победивме, го клекнавме режимот на колена.

Се сеќавате точно пред две години, кога овој првиот бандит, говореше петарди има, ајде нека пука, еве петардите до каде го донесоа. Се сеќавате кога од Филип Втори зборуваше – сонува Зајко оставка ќе сум дал! Еве го повеќе од година дена ќе прави како е во оставка. Кажавме дека ќе паднат првите бандити. Дадоа оставка Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Зоран Ставрески и Никола Груевски.

Кажавме, и останавме на зборот. Кога тргнаа сами на избори, на 24-ти, до касно во ноќта дали ќе ја сменат одлуката или не, рековме нема избори бидејќи нема услови за избори и останавме на зборот.

Кога тргнаа сами на 5-ти јуни, сите велеа ќе тргнат и малите партии, СДСМ ќе остане сам, не верувавме, оти сме на вистинската страна. Оставанвме на зборот. Кажавме дека МРТ ќе има нов главен уредник, кажавме дека ќе има нов јавен обвинител, еве го СЈО. Се што кажавме беше така. Вечерва овде на Карпош и на Скопје му кажувам, во името на вистината, ќе победиме, режимот ќе падне!

По наша грешка, вториот бандит ви е овде, во општината. И не не предаде тој нас, со своето заминување. Ја предаде својата душа, своите деца, а после граѓаните. Знаете зошто? Пари се во прашање, пусти пари, предавник за пари.

Затоа дозволете ќејфот од Карпош да си го направам. Да го повикам првиот бандит на дуел. Никола Груевски те повикувам на дуел. Прифати! Зошто бегаш, зошто молчиш? Нели е демократија? Или потврдуваш дека не е. Ако ти е тешко, земи го и вториот бандит со тебе. И Стевчо нека дојде, да позборуваме и за парите и за криминалот и за злосторството и за бандитизмот. Богови станавте. Повелете на дуел ако останало нешто достоинствено во вас, ако не скријте се во сукњичката на мајка ви и заборавете на власта. Вашето време заврши“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Карпош.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ