Ахмети: Западна Македонија на картата на американските и европските инвеститори

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и носител на листата за пратеници на партијата во шестата изборна единица Али Ахмети, заедно со шефот на Изборниот штаб Беким Незири, вечерва пред жителите на Челопек, општина Брвеница ја претстави изборната програма на партијата.

Ахмети, пред жителите го посочи почнувањето со работа на Слободната економска зона, каде пред неколку месеци почна да функционира и првата фабрика во која што сега веќе 500 семејства ја обезбедуваат својата егзистенција.

– Нашата главна цел беше како зоната на Западна Македонија да ја тргнеме од жолтите зони, боја која што за инвеститорите претставувала ризик. Значи првично се работело 5-6 години со ред за да се убеди европската и американската јавност дека овие зони не се повеќе опасни зони за инвестирање и дека времето на војната сега веќе е завршено, изјави Ахмети.

Се заложи дека партијата што ја води во текот на следниот мандат, ќе се ангажира и за подобрување на квалитетот во сите областа на образованието.

– Универзитетот во Тетово е храм каде што имаме 20 илјади студенти, сега веќе имаме отворено и втор универзитет во Скопје. Ние сме фокусирани на образованието. Ние имаме потреба и од средни стручни училишта, затоа што фабрики ќе се отворат, меѓутоа без овие училишта, тие нема да се наполнат со работници, изјави Ахмети.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини