Железничка несреќа во Словачка

Од:

Патнички воз денеска излета од шините кај железничката станица во градот Жилина во северозападниот дел на Словачка.

Како што јавија словачките медиуми, при несреќата нема повредени патници.

Инцидентот се случил кога возот влегувал во железничката станица, при што од шините излетале локомотивата и првите четири вагони.

Претставник на локалната полиција изјави дека среќна околност е што возот забавувал и во моментот на излетувањето од шините се движел со мала брзина.

Набрзо по инциднетот сите патници биле безбедно евакуирани од возот.

Полицијата почна истрага за утврдување на причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти