На трите натпревари од 9. коло од кошаркарската Евролига одиграни синоќа победи постигнаа домашните екипи.
Со најмала разлика триумфираше Панатинаикос во дуелот со Дарушафака, додека ЦСКА Москва славеше убедлив триумф над Басконија. На третиот дуел Галатасарај ја победи Барселона.
Резултати и двојки за 9. коло: ЦСКА – Басконија112:84 , Галатасарај – Барселона 78:64 и Панатинаикос – Дарушафака 86:80, Реал Мадрид – Уникс 89:75, Армани Милано – Фенербахче 70:79, Анадолу Ефес – Црвена Звезда 100:79, Олимпијакос – Макаби 73:80 Жалгирис – Бамберг 86:72,
Табела: ЦСКА Москва 8-1 (победи-порази), Реал Мадрид 7-2, Фенербахче 6-3, Макаби 5-4, Панатинаикос 5-4, Олимпијакос 5-4, Дарушафака 5-4, Басконија 5-4, Армани Милано 4-5, Црвена Звезда 4-5, Анадолу Ефес 4-5, Барселона 4-5, Жалгирис 3-6, Галатасарај 3-6, Бамберг 2-7, Уникс 2-7.