Победи за Реал Мадрид и Фенерахче во Евролигата

Од:

Екипите на Реал Мадрид и на Фенербахче остварија победи на синоќа одиграните дуели од 9. коло од кошаркарската Евролига и останаа во водечката тројка на врвот на табелата заедно со ЦСКА Москва.

Нив можат да им се приклучат Басконија и Дарушафака, доколку победата на вечерашните дуели.

Реал Мадрид на домашен терен беше поуспешен од Уникс Казан, додека Фенербахче победи како гостин кај Армани Милано. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ (Фенербахче) постигна 7 поенина во овој дуел.

Резултати и двојки за 9. коло: Реал Мадрид – Уникс 89:75, Армани Милано – Фенербахче 70:79, Анадолу Ефес – Црвена Звезда 100:79, Олимпијакос – Макаби 73:80 Жалгирис – Бамберг 86:72, ЦСКА – Басконија, Галатасарај – Барселона и Панатинаикос – Дарушафака (играат вечерва).

Табела: ЦСКА Москва 7-1 (победи-порази), Реал Мадрид 7-2, Фенербахче 6-3, Басконија 5-3, Дарушафака 5-3, Макаби 5-4, Олимпијакос 5-4, Панатинаикос 4-4, Барселона 4-4, Армани Милано 4-5, Црвена Звезда 4-5, Анадолу Ефес 4-5, Жалгирис 3-6, Галатасарај 2-6, Бамберг 2-7, Уникс 2-7.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска