Новокомпонираниот „Кодош“, Ѓунер Исмаил, во интервју за А1 вели дека одлуката на Комисијата за лустрација не ја третира како своја флека, туку како пепел од цигара, кој треба да се истресе. решението, вели, нема да го обжали бидејќи не сака да да гради никаков однос кон Комисијата.
„Јас работам овој режим да падне , и да дојде нова власт која ќе изврши ревизија на многу нешта“, вели Исмаил.
За проектот „Скопје 2014, од естетска и уметничка гледна точка вели дека е срам за културата на една држава.Некои од спомениците, вели се како повторувачи или ретардирани да ги правеле.
Според Исмаил, дел од актерите во проектот, по ревизијата, ќе ја сменат адресата и ќе завршат во некој од Казнено-поправните домови.
Целото интервју со Ѓунер Исмаил, во кое говори и за интелекталците, за штрајковите, медиуми, името, може да го видите утре на сајтот на А1он.