Две и пол години неизвесност, уцени, кризи, две и пол години на постојани напади, обвинувања, уцени, платенички револуции, фабрикувања на афери, фарбањa на државниот имот, имотот на граѓаните, време на заплашување, напади врз полицијата, партнерство со разно разни криминалци, чаушевци, верушевци, создавање на нелагодно чувство дека некој сака да им ја одземе државата на граѓаните, рече во својот говор во скопски Аердром лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тој додаде дека Заев прифатил неславна улога во историјата да биде човекот кој ќе спроведува сценарио чија крајна цел еве се надзира, се гледа.
– Тој на почетокот си кажа дел од сценариото кога ја извести јавноста дека народот мора да ја свитка кичмата, на почетокот ни кажа за тоа што планира за национланите интереси. Потоа замолче на таа тема и продолжи со манипулации деструкции и полека работите излегуваат на површина….Народот две и пол години како на филмска лента ја гледа сета деструкција, луѓе водени од желбата да дојдат на власт по можност да ја заобиколат волјата на граѓаните одработувајќи на штета на сопствената држава. Ако некој тогаш се двоумеше, и не му беше јасно кога говорев дека се работи за сценарио многу поголемо од Заев, чија цел е наше закрвување, слабеење на државата со цел редефинирање, сега е се јасно, рече Груевски.
Работите се сложуваат како парче мозаик, додава, и секој од вас може да ја види големата слика, нема веќе завиени форми, директно Заев си го соопштува планот, редефинирање на државата, најпрво отворање на Уставот, правење на некој нов рамковен договор, воведување на двојазичност на цела територија, а потоа чекор по чекор создавање на кантони по примерот на Швајцарија.
-Кантони се држави во држави, кои во скеој момент со референ имаат право на отцепување, тоа ли го сакаме:? Да дојде ситуација после 5-10 години некој натон да се отцепи. Тоа ли е идејата?Сценарио многу опасно за државата и иднината на сите граѓани. Но човекот ја прифатил таа улога и ќе си ја носи. Но во оваа држава има народ кој иако не го прашува што сака, многу добро знае и гледа што се прави. И гласот на тоа тивко мнозинство доаѓа, одговорот стига на 11-ти декември кога ќе го казни СДСМ и ќе доживее тежок пораз. Затоа што овој народ и нам ни е важно во каква држава живееме и каква иднина им оставаме на своите деца.Бидејќи Заев е нели по плановите и на сите нас мисли и живот ни дарува, човекот она за што зборуваше повеќејазичност и кантонизација си го напишал и во памфлетот кој го нарекуваат план за живот, рече Груевски.
Нивниот план за живот е план за реорганизација и зголемена надлежност на територијалните единки кои практично би станале автономни целини. Тоа е планот на Зоран Заев и тоа го пишува во нивната програма, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Па така СДСМ нуди комплетно менување на ликот на државата. СДСМ нуди отворање и редефинирање на организацијата на безбедносните структури, моделот на образованието, културната политика, образованието и локалната самоуправа. Сите суштински елементи на Македонија каква што денес ја имаме унитарна. СДСМ предвидува трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржувањето на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт. Со други зборови формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Чаир, Бутел, Липково или Арачиново. Па сакајќи да го погоди теркот по швајцарската федерација напишале дека ќе создадат политипни самостојни општини. Ќе ја менувале и културата која до сега била етноцентрична, а според нив со тоа била и штетна. Ова во превод значи дека им сметаат спомен обележјата на илинденците, партизаните, кои патем се од различна етничка припадност, но сите биле големи поради својата историска улога, им сметале музеите и новите театри, вели Груевски.
Во планот за дарување на живот, продолжи Груевски, Заев и неговите ги препишале изјавите за двојазичност и напишале ќе бидат стимулирани проекти за мултикултурно дружење и меѓу јазична комуникација и во повисоките степени на образованието”.
-СДСМ предвидува децентрализирање и на социјалната заштита, управување со земјоделското земјиште, шумите, пасиштата и други работи. Скандалозно и опасно е за иднината на нашата земја. Сите кои предупредуваме на ова опасно сценарио и не се согласуваме со вакво рекомпонирање на државата нејзино разградување Заев не нарекува националисти,зошто?- затоа што си ја сакаме државата, во овие граници, а Заев бил со современи и модерни сфаќања бидејќи тој ги следел терковите. Епа Заев баш пробај ова твое сценарио да го продадеш и извезеш во некоја друга напредна европска земја која е унитарна. Тогаш ако успееш пеки, може и ќар да испадне за него, па да го патентира. ама нема да помине никаде на друго место ова што го предлага. Никаде. На Балканот драги мои ова сценарио беше насадено во Босна, тешко функционира, еве го кантонизирањето на Балканот како функционира и секој ден сака некој од тие кантони да излезе од босанската кантонизација. Секој ден слушаме како дел од кантоните бараат отцепување…еден ден можеби ќе успее, не ни треба тава работа си имаме соживот, меѓу сите зошто некој сака да го промени и да ни го уништи тоа, да се закрвиме…можеби некој на надвор тоа ќе му биде корисно но не и на граѓаните во Македонија, Македонците, Албанците, Бошњаците, Турците, Ромите, не ако сакаат да живеат во оваа држава, заклучи Груевски.