А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР за преземените мерки за најава за сомнителен предмет во авион на „Туркиш ерлајнс“

by А1он24/11/2016 - 16:58104
Share0

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска излезе со информација за преземените мерки по претходно примена најава за сомнителен предмет во авионот „Туркиш ерлајнс“ кој синоќа требаше да лета на релација Скопје – Истанбул со кој требаше да патува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов и други членови на македонска делегација.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во 20:55 часот синоќа претставник на авиокомпанијата Туркиш ерлајнс известил дека во нивен воздухоплов, кој требал да полета за Истанбул, односно кој бил во движење кон пистата за полетување на aеродромот „Александар Велики“, бил пронајден сомнителен предмет, односно телефон. МВР соопшти дека по барање на капетанот, воздухопловот бил вратен на позиција за да се изврши инспекција, односно дополнителен преглед на целиот авион.

– Веднаш било постапено по пријавата и преземени биле мерки и активности согласно претходно изготвен план за вонредни состојби. Преземените мерки биле во координација со аеродромската служба за безбедност при ТАВ Македонија. Бил извршен безбедносен преглед на воздухопловот за откривање експлозивни направи. По извршениот разговор со сите служби кои беа инволвирани во настанот дојдено е до сознание дека од страна на еден патник на екипажот му било пријавено дека е пронајден мобилен телефон. Откако не бил пронајден сопственикот на телефонот била побарана дополнителна инспекција на возухопловот, стои во соопштението.

Патниците од воздухопловот биле симнати и внесени во аеродромската зграда, а по извршениот преглед и откако не било пронајдено ништо сомнително тие повторно биле вратени во воздухопловот. Авионот полетал во 22.56 часот за Истанбул и безбедно слетал на аеродромот во Истанбул во 23.58 часот.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Од страна на службите од кабинетот на претседателот Иванов, кој, исто така требал да лета со воздухопловот, по добиените информации од страна на сите релевантни служби на аеродромот, одлучено било делегацијата на претседателот да не го продолжи патувањето, соопшти МВР. Од натамошно патување се откажале уште седум други патници.

Пронајдениот телефон од страна на службата за безбедост бил донесен во Полициската станица за Граничниот премин Аеродром „Александар Велики“ Скопје, каде бил примен и заведен со потврда за пронајдени предмети.

mvr

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:05

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он08/09/2026 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео