Во виничко насеани 657 хектари, најзастапени житните култури

Од:

Поволните климатски услови, присуството на доволна влага во почвата, како и употребата на потребните агротехнички мерки, придонесоа есенската сеидба во виничко да се реализира со 93 проценти.
 
Од подрачната единица на Мнистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Виница истакнуваат дека со планот есенва се планирани за сеидба 704 хектари од кои наголеми се површините под есенски житни култури 685 хектари, и тоа 615 хектари кај индивидуалните земјоделски производители. Во есенската сеидба се планирани и 15 хектари под индустриски култури, афион, како и два хектара со  градинарски и фуражни култури.
 
Од податоците изнесени во информацијата од подрачната единица на ресорното министерство од Виница се истакнува дека есенската сеидба досега е реализирана на површина од 657 хектари или со 93 проценти. Единствено намалување од планираните површини има кај афионот каде што наместо  15 хектари се насеани само два хектара, пред се поради слабиот интерес на земјоделците да одгледуваат афион.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза