Можни кандидати за наследник на Шулц на местото претседател на ЕП

Од:

Заминувањето на Мартин Шулц од претседателската функција на Европскиот парламент, на која мина пет години, го отвора ова место за кандидат на Европската народна партија (ЕПП), согласно договорот постигнат меѓу главните политички групи во ЕП, јави дописникот на МИА од Стразбур.

ЕПП соопшти дека нејзиниот кандидат за нов претседател на Европарламентот ќе биде познат во декември, а во игра за оваа функција се споменуваат дури пет имиња.

Еден од нив познатиот француски еврофил Алан Ламасур, кој се залага за посилен Европски парламент во однос на другите инстуитуции на ЕУ, што не е премногу по вкусот на Берлин, кој сака на ова функција да дојде кандидат со пумерени ставови по ова прашање.

Друг сериозен кандидат е Италијанецот Антонио Тајани, пораншен еврокомесар во тимот на Жозе Мануеле Барозо, кој во моментов не ужива голема популарност во Европа, а неговото име се споменува и во врска со скандалот со манипулацијата со издувните гасови од страна на „Фолсваген“.

Меѓу останатите кандидати за функцијата се споменуваат и Словенецот, Лојзе Петерле, кој е претседател на Делегацијата на ЕП за соработка со Македонија, Австриецот Отмар Карас, како и единствената жена, Ирката Меиред Мекгинис.

Но, можно е интерес за претседателското место во ЕП да пројави и Алијансата на либералите и демократите на Европа (АЛДЕ), која за оваа функција би го номинирала првиот човек на нејзината Пратеничка група, Белгиецот Ги Верхофстад.

Во случај ако претседателот биде избран од редовите на ЕПП, тогаш првите луѓе на три клучни позиции на ЕУ – Европската Комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент, ќе бидат од редовите на европската десница.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска