Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов на митингот на Колицијата „ВМРО за Македонија“ во Охрид вети дека доколку коалицијата освои повеќе од 15 пратеници веднаш ќе започнат неколку проекти меѓу кои е и пописот.
Тие сметаат дека е од исклучителна важност да се дознае колку луѓе се отселиле во последните неколку години како и конечно да се дознае колкав е процентот на албанците во Македонија.
-Македонија е наша заедничка таковина и сите треба подеднакво да ја сакаме безразлика на етничката, верската или политичката определба, рече Ангелов
Тој потсети и дека македонските бранители од 2001 година не се бореле за ваква Македонија, односно за Македонија во која ордите на УЧК ќе му станат најверни сојузници на Никола Груевски, Македонија во која ќе бидат амнестирани злосторниците кои се исживуваа врз невино цивилно население, Македонија во која поранешен командант на УЧК ќе стане министер за одбрана.
Ангелов вели дека најстрашно од се е тоа што денес се слуша тивок плач и лелек директно од скопскиот аеродром мислејќи на младата популација која константно во последните неколку години се иселува од државата.
Како што рече самиот Ангелов, тој чуствува обврска заедно со Љубе Бошкоски и Љубчо Георгиевски да се борат за државата, но овој пат без оружје туку со политика.