Прага се заложи за ослободување на двајцата Чеси обвинети за тероризам во Турција

Од:

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек идниот месец ќе отпатува во Турција каде планира да разговара за двајцата Чеси, еден маж и една жена, кои се притворени под обвинение за тероризам, односно за членство во курдската терористичка организација, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Заоралек, чешката дипломатија ќе направи се чешките граѓани да бидат вратени во нивната земја, но тој лично не очекува решение за брзо време, бидејќи Турција е сојузник на Чешка и член на Северноатлантската алијанса и при преговорите мора да се води сметка да не дојде до нарушување на односите меѓу двете земји.

Според медиумите, Маркета Вшелихова и Мирослав Фаркаш, притворени пред неколку дена на границата со Ирак се обвинети за обезбедување оружје на курдската групација ИПГ, која Турција ја смета за терористичка организација

При посетата на Турција, министерот Заоралек сака да разговара за актуелната ситуација во Турција и односот на земјата со Европската унија, како и за проблемот со проектот на турската електрана „Јунус Емре“, за кој кредит обезбеди Чешката извозна банка (ЧЕБ), а осигурувањето е на државната осигурителна компанија ЕГАП.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница