Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја отвори „Училишната спортска лига Центар“.
Вкупно 336 ученици од сите 7 основни училишта во општина Центар, ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: фудбал, кошарка, ракомет и одбојка.
„Општина Центар и јас како градоначалник ќе продолжиме да го негуваме и развиваме спортот и спортскиот дух кај најмладите“ , рече градоначалникот Жерновски, прогласувајки ги игрите за отворени.
Тој ги додели решенијата за стипендии на 8 спортисти-ученици кои покажаа одлични резултати во претходната натпреварувачка сезона.
Најталентираните спортисти ќе добиваат по 3.000 денари месечна стипендија.
Спортските игри беа отворени во салата на КК Работнички, а натпреварите ќе се играат во текот на учебната 2016/2017 година, во училишните спортски сали.