(ВИДЕО) Бошкоски: Македонија стана еколошка депонија, а се загади и моралот

Од:

Еден шегобиец од ДПМНЕ синоќа кажа дека тие биле автентичното ВМРО, тие биле ВМРО. Лидер на ВМРО се раѓа, лидер на ВМРО не се бира, рече Бошкоски на митингот во Охрид каде потсети на времето која го избрале сегашниот лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

-Насила ја земаа иделогија, но ние ќе го вратиме достоинството и ВМРО на вмровците, рече Бошкоски.
Тој се осврна на состојбата во изборната единица пет, каде е носител на листата за Коалицијата ВМРО за Македонија.

Според сите податоци, Македонија е најзагадената земја во Европа, таа е еколошка депонија, целата изборна единица пет се места каде што најмногу млади луѓе заболуваат од карцином. Тешка еколошка катастрофа и се случува на Македонија, ова се податоци кои запрепастуваат. Преспанското езеро може да исчезне, флората и фауната само од прскањата на овоштарниците завршуваат во Преспанското езеро, а од таму во Охридското езеро. Македонија е уништена земја, Пелагонија сама зборува за себе. Еден симпатизер на некогашниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, добил 1200 хектри земја, за тие добива субвенции, а земјата обрасната со коров. Субвенциите се класично перење пари, рече Бошкоски.

На производителите не земјоделските култури, нема да им се исплака субвенции по хектар, туку по даден килограм земјоделска култура ќе се добива субвенција. Истото вреди и за угостителите и сите сегменти на нашето живеење.

Кога сме кај загаденоста, живееме во земја во која десет години, на граѓаните на Маедонија им е загаден моралот, граѓаните живеат со загаден морал, не се познаваат не се почитуваат, сите вредности кои беа важни за Македонците веќе не се вредности. Не се епочитуваме повеќе, затоа што граѓаните се во апатија. Таква Македонија направија оние за кои јас бев доволно храбар, но не можат да бидат бескрајно моќни, нивното време заминува, зашто ние доаѓаме, рече Бошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска