Алијанса за Албанците: Злоупотребата на јавните финансиски и материјални средства, од страна на власта, треба да се казнат

Од:

Злоупотребата на јавните финансии и материални добри за време на изборната
кампања е разурнувачки феномен на вистинскиот легитимитет на политиката во
Македонија.

Ние како Коалиција, Алианса на Албанците, сакаме да допринесеме за спречување
на оваа појава, и затоа им ставање до знаење на јавноста дека ваквите
случаи се доставуваат до надлежните органи кои што треба да превземат
адекватни мерки за казнување на политичките партии кои ја злоупотребуваат
власта и ресурсите на власта. Злоупотребата на Јавното Собраќајно Претпријатие
за партиски интереси, и злоупотребата на нафтените деривати за истата цел,
влијае во крајниот исход на изборите.

Непланираните инвестиции спроведени во време на изборната кампања, го
истроштуваат државниот буџет, вклучувајќи ги и општинските буџети преку
создавање долгови три пати повисоки од реалната вредност на непланираните
инвестиции. Злоупотребата на администрацијата и пред изборните вработувањата,
истотака влијаат врз изборните резултат. Најголем допринос во развивањето
на овој феномен имаат општините кои што се предводени од партиите на
власт, ВМРО
и ДУИ, а посебно општина Тетово и општина Чаир.

Со оглед на тоа дека законите кои што се во сила, би требало горенаведените
институции злоупотребувачи на јавните добра, би требало да бидат под
истрага. Ова е нивна законска обврска. И препорачуваме на Јавното
Обвинителство, но и на Специјалното Јавно Обвинителство, веднаш да го
спореведат Кривичниот законик во врска со изборите и изборните кампањи.
Додека, “Комисијата за спречување на корупцијата”, ја предупредуваме дека
ваквите феномени се под нивна директна надлежност, посебно второт поглавје
на Законот, и членовите 10,11,12 и 13 од Законот за спречување на
корупцијата.

Коалиција Алианса за Албанците

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза