Милица Бојаџиевска која во 2010 година беше позната како „богатата бездомничка“ го изгуби покривот над главата, а како причина се наведуваше спорот со семејството на тогашниот судија, а сега претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Според сторијата од 2010 година на ТВ А1 и ТВ Сител, 74 годишната баба остана без својот дел во трите стана за кои семејството на сегашниот претседател на Основниот суд, Владимир Панчевски како и Стојан Панлчевски, кои сега имаат спор со Центар околу дивоградба, тврдеа дека им припаѓа нив. Дури и Сител тогаш застана во одбрана на старата жена.
– Нова страница на сителовата приказна за 80 годишната старица која заедно со својот сопруг печалела цел живот и живееле во добра имотна состојба, но на 80 години била избркана и сега е на улица, нема каде да живее, ниту каде да оди. Таа ги обвини луѓето дека и ги земале становите на кои таа е косопственик или сопственик, без да се грижат за неа, стои во најавата за прилогот на Сител.
Семејството на Владимир Панчевски тогаш обвинуваше дека адвокатите ја манипулираат Милица и дека се пазарат со цел да добијат нешто од имотот. Тие за телевизијата велеа дека не го оспоруваат нејзиното право и дека ќе ја згрижат старицата. Во сторијата беше нагласено дека трите станови во кои Милица Бојаџиевска има свој дел тогаш беа издавани под кирија, а богатата баба немаше каде да живее.
– Имам надеж дека нема да ме излажете ни таа ни вие, рече старата жена пред камерите во 2010 година.
И по 6 години од случајот, судбината на Милица е непозната, дали семејството на Панчевски и го даде делот на Милица, или пак богатата баба остана бездомник.