Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ќе издвои 10,2 милиони денари за реализација на развојните приоритети и проекти од областа на Локален економски развој (ЛЕР) за 2017 година.
Програмата беше усвоена на последната седница на Советот на општината и предвидува сите активности да бидат насочени кон развој на општината согласно надлежностите и утврдените развојни структури и приоритети.
Поддршката на ЛЕР ќе се реализира преку имплементација на проекти, за што се предвидени најмногу средтсва, 6 милиони денари, кои ќе бидат вложени за сопстевно учество на општината при аплицирање и реализација на проекти од ЕУ фондови, државни фондови и институции, како и за партиципација при реазлиација на регионални проекти во рамки на Центарот за развој на Североисточниот плански регион согласно Законот за рамномерен регионален развој.
Понатаму, со Програмата за ЛЕР 2017 се предвидува подготовка на проекти согласно стратешки документи од годишните програми на Општината, учество на обуки, работилници и семинари, превод на стручна литература и воспоставување партнерства, за што ќе бидат издвоени 900.000 денари, поддршка за развој на мали и средни претпријатија и претприемништво, меѓуопштинска и меѓународна соработка, поттикнување на развој на туризмот во Крива Паланка.
Општината ќе ги поддржи граѓанските здруженија и НВО секторот. За оваа намена ќе се потрошат 350.000 денари, додека за изработка на Стратегија за рурален развој и стратегија за информатичка технологија е предвиден буџет од 300.000 денари.
Сите активности од Програмата ќе бдиат финансирани од средства од буџетот на општина Крива Паланка за 2017 година, а истата ќе ја имплементира Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија во соработка со останатите релевантни одделениија од општината.