Земјотрес со првично утврдена магнитуда од 6,3 степени според Рихтеровата скала го потресе Северниот остров на Нов Зеланд, една недела откако моќен потрес со сила од 7,8 степени го погоди Јужниот остров и го одзеде животот на две лица, пренесоа британските медиуми.
Епицентарот на денешниот потрес е во близина на брегот на Северниот Остров, на длабочина од 37 километри.