Во Воениот музеј во Скопје денеска ќе биде отворена музејската поставка „100 години од Првата светска војна: Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“.
На отворањето најавено е обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски и на италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео.
Ќе биде примена и донација на военоисториски и музејски материјали од Амбасадата на Република Италија.