Исла Фишер: Тешко е да бидеш госпоѓа Борат

Од:

Да се биде во брак со Саша Барон Коен дури и не звучи како нешто едноставно.

Актерката Исла Фишер, сопруга на ѕвездата зад ликовите во сериите и филмовите „Ali G“, „Borat“ и „The Dictator“, рече дека тој во реалноста е откачен и непредвидлив токму како и на екранот.

– Не можам да ви опишам колку пати ме засрамил во некои друштвени ситуации. За него нема разлика меѓу гафови кои намерно ги прави како комичар и ужасни грешки кои ги прави како мој сопруг. Проблемот е во тоа што тој тешко ги препознава другите ѕвезди доколу во дадениот момент не глумат некои од нивните ликови.  Во една прилика ја прашал Кејт Бланшет со што се занимава, реча Фичер.

Фишер вели дека неговиот најголем гаф се случил при прикажувањето на еден филм во кој главна улога имал актерот Џек Блек. После завршувањето на филмот, една жена со големи гради одржа долг говор, а после неа Џек кажа само неколку реченици.

– После прикажувањето на филмот Саша отиде до Џек и го праша зошто одджа толку кус говор. Му рече дека требало на таа жена со големите гради да и рече да замолчи и тој самиот да каже нешто повеќе. Џек тогаш кисело се насмевна и рече дека таа жена е неговата мајка. Саша ниту тоа не го исфрли од такт. Му рече на Џек дека неговата мајка има преубави гради, а потоа рече и дека јас веќе подолго време сакам да имам такви гради. Сакав земјата да се отвори и да ме голтне, рече Фишер.

Саша и Исла се сретнаа во Сиднеј во 2002 година, а се венчаа во 2010 година. Имаат две ќерки, петгодишна Олив и двегодишна Елулу.

– Во моментов е малку полесно. Саша пишува некои сценарија, па не се однесува како некои од неговите алтер ега. Сепак, секогаш морам да бидам претпазлива, додаде Фишер.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“