Малата квадратура на станот не мора да значи дека истиот мора да биде клаустрофобичен, пренатрупан и целосно неподобен за живот.
Со помош на правилниот дизајн и просторното планирање таквите места би можеле да станат дом.
Станот се наоѓа во Лондон и е еден од најскапите и најелитни мали станови во светот.
Иако е на два ката, станот во секој, па и во техничка смисла е еднособен.
Горното ниво на гарсоњерата има голема двојна спална соба со приватна бања.
Првиот кат е простор за дружење со отворена дневна соба и трпезарија, а има и бања.
Зградата во која се наоѓа станот има голем број погодности, како што е 24-часовното обезбедување, услуги на собарка и собна услуга од хотелот во близина „Мандарин Ориентал“, приватна винска визба, базен, сауна, терен за сквош, кино сала и услуга од консијерж.