Жбогар и Бејли: Фер и кредибилни избори без насилство

Од:

Очекуваме кредибилни и фер избори кои се многу значајни за земјата, изјави амбасадорот на Европската Унија Самоел Жбогар кој со амбасадорот на Велика Британија Чарл Гарет денеска беше во посета на Прилеп и имаше средби со градските власти на Прилеп, а ќе се сретне и со граѓаните.

Според Жбогар, посетата е во многу важен момент за земјата кога и официјално почнува изборната кампања.

– Доаѓаме во момент кој е битен за самата земја, кога и официјално почнува изборната кампања. Мислам дека во минантото не постоеле вакви избори, како што се овие сега кои се очекуваа толку долго време. Изборите претставуваат можност за земјата да ги стабилизира внатрешните односи и односите со Европската унија. Очекуваме добри избори и очекуваме новата влада која ќе произлезе да може сериозно да се ангажира во испорачување на сериозни реформи. Очекуваме дека веднаш по изборите ќе се креира внатрешен моментум, но и моментум со ЕУ за да може заедно да го креираме европскиот пат. Сите посети на амбасадорите на ЕУ се случуваат пред изборите за да укажеме на важноста на овие избори кои ги имаат за целата земја. Не очекуваме ништо помалку туку кредибилни и фер избори, изјави Жбогар.

Во меѓувреме, и американскиот амбасадор Џес Бејли преку Твитер порака повика на ненасилна кампања, а граѓаните да го искористат своето демократско право на глас.

– Лидерите треба да спроведат кампања без заплашување и насилство и да не креваат политички и меѓуетнички тензии. Секој глас се смета. Ги повикуваме сите граѓани да го искористат нивното демократско право да гласаат и да ја определат иднината на својата земја, пишува Бејли на Твитер на првиот ден од почетокот на изборната кампања.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме