Димовски: Минималната плата ќе се зголеми на 14.000 денари

Од:

Зголемување на минималната плата во следните четири години до 14.000 денари односно секоја година сукцесивно да се зголемува, вети денеска во Велес Илија Димовски, носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Макеоднија“ во ИЕ 3 доколку победат на изборите на 11 декември.

-Предвидуваме зголемување на минималната плата која со закон беше донесена пред неколку години од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, таа денес изнесува 10.500, но предвидуваме во следните четири години да дојде до 14.000 денари односно секоја година сукцесивно да се зголемува. Во кожарската индустрија и во текстилната да дојде до 13.500 денари. Тоа е она што можеме да го ветиме доколку се создадат и подобри услови, секако би биле подготвени и за повеќе, посочи Димовски

Според него, ова покачување е балансирано и нема да создаде отпуштање од работа.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата