Градоначалникот на Карпош во посета на Тиват

Од:

Делегација на општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски присуствува на одбележувањето на Денот на црногорската општина Тиват, 21 ноември.

Како што соопшти општина Карпош, општината е збратимена со општина Тиват, кој го одбележува својот роденден со свечена академија, на која свое излагање имала претседателката на општината Снежана Матијевиќ.

На свечената академија присуствуваа претставници од државниот врв на Црна Гора, меѓу кои претседателот Филип Вујановиќ, градоначалниците на повеќе збратимени општини и познати личности од културниот свет и бизнис заедницата.

Традиционално празникот се одбележа со неколку културни манифестации, предавање на знамето на општината, препознатливиот „марш на мажоретките“ и посета на пристанишните знаменитости.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје