СОС Детско село Македонија одбележува 15 години постоење

Од:

Сопругата на Претседателот на Република Македонија Маја Иванова и австриската амбасадорка во Македонија Ренате Коблер денеска ги посетија децата од СОС Детското село, по повод 15-годишнина од основањето на организацијата.

Децата од СОС Детското село пред присутните се претставија со рецитал и претстава.

Главната манифестација по повод јубилејот на СОС Детско село Македонија ќе се одржи на 30 ноември под покровителство на госпоѓа Иванова и Амбасадата на Австрија.

Сопругата на Претседателот Маја Иванова, изрази задоволство што е дел од СОС Детското село и што има чест да биде покровител на манифестацијата.

– Ви посакувам многу здравје, среќа, радост и убавини. Да бидете добри ученици и да ви се остварат сите желби. Да станете одлични спортисти, добри глумци и глумици, да бидете аналитичари, правници, доктори и се она што ви посакува срцето, рече Иванова.

Таа ги поздрави децата од семејството Иванов и изрази голема почит кон СОС мајките кои, како што рече даваат несебична грижа и љубов на децата за тие да израснат во подготвени и лојални граѓани на нашата држава.

Амбасадорката на Австрија Ренате Коблер, рече дека Австријците од мали растат со концептот СОС Детско село и идејата и замислата на мојот сонародник Херман Гмајнер.

– Сметам дека Гмајнер многу би се радувал што неговата идеја и понатаму се развива и во иднина ќе постои. Ви ја честитам 15-годишнината. До мене многу допира тоа што гледам дека голем број на луѓе го изодуваат овој пат, што не е вообичаен, рече Коблер.

Националиот директор на СОС Детско село Македонија Јулијана Гапо, рече зачетоците почнуваат во 2001 година кога во Македонија е отворено првото СОС Детско село.

– Организацијата по 15 години  го смени својот лик и денеска има многу програми и презема акции во заедницата кои подразбираат поддршка и згрижување на деца без родители и родителска грижа. Досега во СОС Детско село над 100 деца се згрижени. Во моментот имаме околу 25 млади луѓе, кои дел се студенти, дел се вработени и некои бараат вработување, рече Гапо.

Порача дека остануваат посветени да работат и помагаат, дека нивната цел е ниту едно дете да не расте без семејство и без дом, и се додека и последното дете има поддршка од нивната работа ќе продолжат.

Би можело да ве интересира

Флекс Кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството

А1он

ФЛЕКС КРЕДИТ и оваа година се закити со статуетка за значаен придонес и поддршка на децата штитеници на СОС Детско село

Предраг Петровиќ

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

A1on

Компанијата Зегин и СОС Детско село – пријателство кое трае

Ана Ололовска

Ракометната федерација на Македонија доби специјален дрес од „СОС Детско село“

Нова хуманитарна кампања на Винчини со омилениот производ кој е уникатен со вкус и единствен со хуманитарната вредност ROCKY

Катерина Ѓуровски