Манастирот Свети Никола Шишевски, сместен високо на една зарамнета тераса на карпите, над десниот брег над езерото Матка над реката Треска, ги издржал сите предизвици уште од 1345 година, кога се претпоставува дека е изграден.
Манастирската црква „преживеала“ и во 1844 година, кога биле уништени и запалени сите околни зданија.
Државата, која има пари за се, и за барок и кич, и за лавови и за Панорамски тркала, не е заинтересирана за зачувување на нашето културно наследство.
Кровот на црквата прокиснува, ѕидовите се во лоша состојба, Освен вљубениците во природата, никој не се грижи за оваа убавина, до која се доаѓа по 45 минути пешачење од мостот на Треска.