Норвешката полиција денеска соопшти дека уапсила 20 лица поради педофилија, а уште 31 се опфатени со истрагата.
Истрагата покажала дека осомничените злоупотребувале малолетници, а едно лице признало дека го злоставувало сопственото дете.
Заменик шефот на полицијата Гинар Флојстад изјави дека тоа е најголем случај на злоставување деца во западниот дел на Норвешка, како и дека меѓу осомничените има голем број на високо образовани луѓе, адвокати и политичари.
Истрагата е извршена во рамки на акцијата „Темна соба“, која е започната во 2015 година.