Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја осуди синоќа острата критика кон Израел во говорот на палестинскиот претседател Махмуд Абас во ОН, оценувајќи ја како непријателска, отровна и „полна со лажна пропаганда“.
– Тоа не се зборови на човек кој сака мир, истакна Нетанјаху откако Абас се обрати во Генералното собрание на ОН пред гласањето за индиректното признавање на палестинската државност, наспроти фактот што нема мировен договор со Израел.
Израелскиот амбасадор во ОН Рон Просор изјави по говорот на Абас дека „единствен начин да се постигне мир е со договор меѓу двете страни, а не преку светската организација“.