Најмалку 27 цивили загинаа во денешните воздушни напади на сириската армија врз Алепо, соопшти Сирската опсерваторија за човекови права.
Нападите биле извршени во долж источниот дел на Алепо, пет дена по обновените напади на Владата врз позиции на опозицијата.
Како што наведува организацијата со седиште во Лондон, за тие пет дена настрадале најмалку 92 цивили, додека голем број од повредените се во тешка здравствена состојба.
Алепо од 2012 година е поделен на источен и западен дел. Источниот дел е под контрола на опозицијата, а западниот е под владина контрола.
Опозицискиот дел е под опсада речиси четири месеци што доведе до недостиг на храна и други потреби.