Грчката архитектонска канцеларија „ОПА“ осмисли единствен дизајн за црква во облик на крст, која е сместена на карпа на островот Серифос во Грција.
Иновативната идеја на овој дизајн е обликот на крст во просторот да се користи хоризонтално наместо вертикално.
Црквата е сместена под површината на земјата и се отвора на работ на карпата, од каде има спектакуларен поглед кон Егејското Море.
Просторот е поделен на три нивоа. Во црквата се влегува од горното ниво кое е украсено со разнобоен витраж. Ниското ниво е предводено за олтар и со скали е поврзано со средното ниво каде се сместени клупите за верниците.