Добро искористен простор на мал стан е подобра опција отколку голем стан со недоволно искористен или лошо проектиран простор. Станот има помалку од 40 метри квадратни, но просторот е паметно искористен.
Во станот има дневна соба, кујна, бања, спална соба и мала трпезарија. За да се изведе тоа потребно е станот да има висок таван за да може да се направи платформа на која ќе биде креветот, а под креветот да се сместат бањата и кујната.
Во дневната соба од ѕид до ѕид има дрвена татаму клупа, која е сместена во просторот под прозорците, а останува доволно место за складирање на облека и книги.
Сплит конструкцијата на трпезариската маса има повеќенаменска функција – може да биде и маса за ручање и работна маса, се зависи од положбата во која ќе ја поставите.
Кујната и бањата се исклучително мали, но ги имаат сите елементи.