Општина Велес и Стопанската комора на Македонија потпишаа Меморандум за соработка

Од:

Општина Велес и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион денеска потпишаа меморандуми за соработка со Стопанската комора на Македонија, Регионална комора со седиште во Велес.
 
Како што појасни градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, ова е прв Меморандум за соработка од ваков вид кој се потпишува во Република Македонија.
 
– Очекуваме бенефит да имаат најмногу фирмите кои ќе добијат неопходна помош и информации за посериозен пристап и користење на средствата од европските фондови. Крајна цел е развој на фирмите, подобра економија и  повисок стандард, потенцира Чадиев.
 
Според Општина Велес, Меморандумот за соработка меѓу трите институции значи учество, аплицирање и реализација на заеднички проекти, размена на информации од областите од заеднички интерес, решавање клучни прашања од значење за бизнис секторот во општината, обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на локалната самоуправа и регионалната комора, поголемо вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на бизнисот на локално ниво, утврдување и негување на добрите деловни обичаи.
 
Со официјализирањето на соработката, нагласуваат од Општината, ќе се продлабочи соработката на овие институции и ќе се овозможи посериозен пристап на фирмите до претпристапните фондови на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон