Трудовата инспекција ги разгледува случувањата во Основниот суд Скопје 1

Од:

По пријава на судскиот службеник Г.С., во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, во судот беа присутни инспектори од Трудова инспекција, а во врска со наводи на службеникот дека бил распореден на звање пониско од звањето на кое бил првично распореден.

Од судот објаснуваат дека, на инспекторите од Трудовата инспекција им е презентирано целокупното досие на вработениот кој од службеник во судот вработен со средно образование, а од 01.12.2015 година е унапреден и му е признаено високото оразование кое го имал и на оглас е избран за раководител на одделението за човечки ресури за кое одделение имало потреба да се формира во судот.

„Воедно на инспекторите им е појаснето дека, од неговото унапредување до денес, иако е поставен на раководно место каде требало да презема активности од аспект на менаџирање на човековите ресурси во судот, досега ниту има изготвено план и програма ниту акциски план за работа ниту на било каков начин како раководен службеник презел активности за функционалност на ова одделение, кое за потребите на 400 вработени во судот, за правпат е формирано со неговото унапредување. Образложено е дека истиот за изминатиот период нема сработено никаква активност во функција на платата што ја добивал како раководител и за истото нема поднесено никаков извештај до судскиот администратор како непосредно раководен службеник заради што на истиот од неодамна му е дадено задолжение да работи во друго одделение“, се вели во судкото соопштение.

Од судот велат дека наведениот вработен за платата која ја прима како раководител во судот од неговото унапредување и дадените нови задолженија, во текот на изминатата година нема сработено ниту една работна задача се до завчерашниот настан во судот кога истиот влиеаел на нарушување на меѓучовечките односи, заради што е поведена и дисциплинска постапка, за потешка повреда на работа што не ја исклучува кривичната одговорност за настанот.

Во однос на прашањата за објавеното писмо од група на судски службеници, кои тврдеа дека судот им наметнува норма од 400 предмети, што според нив е нереално да се оствари, од Основен Скопје 1 информираат дека се работи за судски соработници распоредени во одделението за извршување санкции каде од 11 потпишани соработници шест работеле во ова одделение подолго време наназад, а бидејќи од октомври месец 2016 година во тек е спроведување на акција за решавање на предмети од Одделението за извршување санкции на овој суд заради зголемен прилив и вкупен број од 25.000 нерешени предмети, во истото одделени, согласно систематизација начзначени се и дополнителни соработници.

Со оглед на тоа што 6 од 11 потишани соработници од поодамна работеле во ова одделение, каде уште од 16.10.2015 година нормата од 300 решени предмети по службеник е зголемена на 400 решени предмети имајќи го предвид тековниот обем на решени предмети и дополнителен прилив, тие според месечниот извештај за работа по службеник досега неспорно ја остварувале зададената норма.

Од потпишаните соработници, во текот на вчерашниот ден, откако си ги виделе своите имиња на јавно објавената претставка од група на судски соработници, четворица од нив се оградиле од содржината на истата бидејќи не биле запознаени со истата пред да ја потпишат, а индикативно е што нормата утврдена пред една година, сега откако судскиот службеник Г.С. е распореден во ова одделение, станала спорна.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО