Харадинај пречекан од почесна гарда и со црвени килим

Од:

Во 17:15 часот на приштинскиот аеродром „Адем Јашари”, Рамуш Харадинај беше пречекан со огномет, почесна гарда и црвен Килим.

Премиерот Хашим Тачи прв го поздрави, а тука беа и претседателот на Косовските безбедносни сили Агим Чеку, и повеќе членови на владата, претставници на Алијансата за иднината на Косово, како и членови на семејството.

„Воодушевен сум што стигна и потврда дека нашиот пат кон слободата беше чиста и фер. Ова ни дава доверба заедно да ги надминеме предизвиците кои не чекаат. Можам да ве уверам дека ќе работам со Вас, со цел да се развие нашата земја“, рече Харадинај.

Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој, заедно со Харадинај се обрати на јавноста, рече дека „пресудата на Хашкиот трибунал, е уште една победа за граѓаните на Косово, државата Косово”.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска