Скандалозна е одлуката на претседателката на Академијата на судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, одбележувањето на 10 годишниот јубилеј од основањето на Академијата да го одржи во Музејот на ВМРО (Музеј на македонската борба за државност и самостојност и жртвите на комунизмот).
Наместо во простории на судството и обвинителството, свечената сала на Врховниот суд, Големата сала во објектот на Јавното обвинителство на РМ, кои се далеку посоодветни за одбележување на ваков настан, Арнаудовска, најверојатно за да се додвори на партијата на власт, свеченоста ќе ја одржи во објект со партиска етикета и за објект кој е дел од „бомбите„ на опозицијата и СЈО води истрага. Музејот е спорен и по изградбата и по името и по постановките. Во Музејот секојдневно се спроведуваат и венчавки.На шега некои велат со кого сака директорката да ги „венча“ обвинителите и судиите и дали е ова симболично „давање збор“ за брак од интерес.
Академијата е основана за едукација на судиите и јавните обвинители, кои треба да работат непристрасно и непартиски.
Неодамна Арнаудова ја шокираше јавноста со изјавата дека не ги прифаќа оцените на ЕУ за назадување на правосудниот систем и неговата партизација., а со оваа одлука ја потврдува оценката од Брисел за партизираност на правосудниот систем.
Директорката со ова како да им дава сигнал на идните обвинители и делители на правда дека партиските води се најдобри за опстанок и унапредување.
Првосудството се уште не смее да се сместува во музејско-партиски витрини, бидејќи на повидок се чекорите на неколку судии и судската администрација да се ослободат од канџите на моќниците во судството.
Има ли симболика во тоа што ваквите обиди се зародиш од судот од кој Арнаудовска дојде на функцијата директор, која патем повеќе од две години ја извршува кршејќи го законот. За директор е избрана во октомври 2006 година, а реизбрана во септември 2010 година.
Според Законот таа нема право на трет мандат, но се уште седи во директорската фотеља. Доколку беа испочитувани прописите, Арнаудовска пред повеќе од две година требаше да се врати во Основен 1, од каде што и дојде на позицијата директор. Во јавноста повеќе пати беше поставувано прашањето зошто Арнаудовска е незаменлива како директор на Агенцијата. Директорката на Академијата испадна уште во првиот круг за избор на судија во Стразбур
Во нејзино време, Академијата го доби и името „Павел Шатев“.Судиите и обвинителите прашуваа зошто е потрбно поврзување на Академијата, која е единствена ваква институција со имиња од историјата.