Радоњиќ избран за најдобар тренер во седмата рунда од Евролигата

Од:

Предводникот на Црвена звезда Дејан Радоњиќ е прогласен за најдобар тренер на седмиот круг од кошаркарската Евролига во изборот на веб страната „Еурохупс“.

Белградските „црвено-бели“ се единствените со гостинска победа во ова коло од елитното натпреварување.

– Погодете кој е единствениот тим што победи на гостински терен во оваа рунда? Во право сте, тоа е Црвена звезда. Тие успеаја да го совладаат Бросе, а тренер Радоњиќ за кој се пишува не поради зборови, туку поради дела, повторно успеа. Оваа победа српскиот тим го задржува на вистинската насока и со јасни шанси за борба за место во плеј-офот. Ако продолжат со ваква игра, на крајот, кој знае, се вели во образложението на одлуката на „Еурохупс“.

Црвена Звезда по седум круг има скор од три победи и четири порази, а вечерва од 19 часа во Евролигата го пречекува Армани од Милано.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска