Мостот во населбата Маџари доби ново осветлување, информираат од Град Скопје.
На мостот поставени се шест нови столбови кои ќе ја зголемат безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.
На поставувањето на новото осветлување на мостот работеле екипите на „Дигитал ДОО Струмица“, а градот Скопје за овој проект од буџетот издвоил 774.000 денари.