Движењето на возовите меѓу Франција и Велика Британија преку тунелот под преминот Ламанш беше прекинато на околу еден час поради избувнување на пожар, соопшти компанијата оператор „Евротунел“.
Пожарот избувнал во вагон на товарен воз. Жртви и повредени нема, а материјалната штета е незначителна, посочи компанијата.
Тунелот под Ламанш беше пуштен во употреба во 1994 година. На линијата сообраќаат супер брзи возови на компанијата „Евростар“, по маршрутите Лондон-Париз и Лондон-Брисел, како и товарни возови. Возовите на „Евростар“ ги минуваат 53-те километри преку тунелот за 35 минути. Преку тунелот под Ламаш годишно патуваат околу 20 милиони патници.