Изложба во рамки на Остен биенале на цртеж Скопје 2016

Од:

Во рамки на Официјалната програма на Остен биенале на цртеж Скопје 2016 денеска ќе биде отворена изложба на која ќе бидат претставени автори од Бангладеш, Индија, Индонезија, Иран, Јапонија, Маурициус, Мароко, Јужна Кореа, Венецуела и Виетнам.

На публиката ќе и бидат претставени дела на авторите Камрузаман Сагар, Ганеш Чандра Басу, Анла Кумар Говиндала, Рахарди Хандининг, Нико Виртама, Надер Афшари, Сејед Амин Багери, Мехрдад Катеи, Анахита Јунеси, Тадајуки Фујигаја, Ген Моримото, Томијуки Сакута, Јошикташу Тамекане, Нобуко Умезаки, Кокичи Умезаки, Нермала Лукемараин, Лурхаз Абделазиз, Во Хјонг Чои, Алирио Инфанте и Нгуен Ван Чунг.

Изложбата од организаторот се оценува како несекојдневна поставка со исклучителен квалитет во поглед на уметничкиот израз на интернационалните уметници, карактеризиран со фантастична техника на цртање, сликање и изработка на графики.

Изложбата ќе биде отворена до 24 ноември.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи