Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) денеска во Штип ќе одржи регионален состанок во рамки на проектот „Деловен појадок“, чија главна цел е размена на мислења и идеи за измени и дополнувања на законската регулатива во областите кои се од интерес на работодавачите и бизнис секторот во Република Македонија.
Главна тема на регионалнот состанок ќе бидат причините за дефицит на квалификувана работна сила во домашната текстилна индустрија.
На состанокот ќе се разгледаат и предлозите на ОРМ за измени на законската регулатива со која ќе се олесни пријавувањето на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување, а ќе се разговара и на други теми од интерес на бизнисот.
На регионалниот состанок се поканети и членовите на Трговско-текстилниот кластер.