Состанок на Заедничкиот комитет на региони на ЕУ и Република Македонија

Од:

Заедничкиот консултативен комитет на региони на Европската Унија и на Република Македонија денеска ќе се одржи состанок во Скопје.

Состанокот е во организација на Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа и Комитетот на региони на ЕУ. Воведни обраќања ќе имаат министерката за локална самоуправа Ширет Елези, градоначалник на општина Аеродром, ко-претседавач на Заедничкиот комитет Ивица Коневски, општинскиот советник за образование, култура и наследство од Вервиерс,Белгија, и ко-претседавач на комитетот Жан-Франсоа Истас и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Првиот дел на средбата е посветен на прашањата за проширувањето на Европската Унија, како и на последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за исполнувањето на условите за почеток за преговори за членство во ЕУ. Градоначалник на Општина Боговиње, Хазби Идризи ќе зборува за улогата на локалната власт во тој процес.

Во вториот дел од состанокот делегатите ќе дискутираат за јавните набавки, кои играат клучна улога за транспарентно работење на институциите, за превентивно дејствување на коруптивни и криминални дејствија, овозможување на еднаков пристап на сите чинители на пазарната економија кои се важен инструмент што треба да овозможи ефикасна употреба на јавните средства. За предизвиците на нашите локални власти во ваа област, ќе зборува градоначалникот на општина Кочани, Ратко Димитровски, а на состанокот е поканет и директорот на Бирото за јавни набавки во нашата земја, Александар Аргировски.

Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) е воспоставен во 2008 година и го сочинуваат 22 члена, по единаесет од секоја договорна страна и исто толку заменици.

Делегатите од Република Македонија се градоначалници и општински советници. Ова тело е формирано со цел да ја  подготвува основата за проширувањето на Европската Унија преку унапредување на политичкиот дијалог и соработката меѓу локалните и регионалните власти. Состаноците се одржуваат во Брисел и во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он