(ВИДЕО) Тасева: Превирањата во Кривичниот суд се добра промена и разбивање на контролата и моќта

Од:

Претседателката на Транспаренси интернешенл, Слаѓана Тасева за последните превирања во Основниот Суд Скопје 1 кажа дека колку и лошо да изгледаат, тие се добра промена и разбивање на злоупотребата на моќта во судството.

– Ако го глдаме од аспект на влијанијата на оние што имаат економска или политичка моќ над состојбата со корупцијата и над политиките кои ги носат владите, меѓутоа не можеме да го занемариме фактот дека постојат и силни влијанија во судството токму од истите структури кои што користат моќ, политичка поврзаност, да можат да издејствуваат и влијаат на одредени судски постапки и одлуки.

Во контекст на сето ова, мислам дека случувањата во Основниот суд Скопје 1, колку и лошо да звучат и изгледаат, се добра промена во овој амбиент, разбивање на амбиентот на злоупотреба и контрола и на моќта и на позицијата.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО